Sunrise Queen Luxury Resort & SPA

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Side
  • Sunrise Queen Luxury Resort & SPA
  • 20 слики
  • Песочна плажа
  • Аква парк
  • Затворен и отворен базен
  • Тениски терен
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • За деца
  • Фамилијарни
  • Дете до 11,99 - бесплатно сместување
  • На плажа
  • Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Sunrise Queen Luxury Resort & SPA

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во регионот Кумкој на 6 км од Сиде и 55 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 514 соби во една главна зграда од четири ката, една Анекс зграда од пет ката, и 4 блокови со тераси.

    Стандардни соби (22 – 25 м², една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило, макс.2+1 лице).

    Делукс соби со тераса (28 м², сместени во блокови со тераса, една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило, макс.2+1 лице, блиску до море со голем балкон).

    Апартмани (37 – 42 м², сместени во главната зграда, една спална соба спо француски кревет + софа, една дневна соба, широк балкон, ламинат во спалната и мермерен под во дневната соба, едно купатило, макс.2+1).

    Фамилијарни соби (35-42 м², лоцирани во Анекс зградата, две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).

    Queen апартман (37- 42м², лоциран во главната зграда, една спална соба, една дневна соба, голем балкон, едно купатило, макс. 2+1 лица).

    Сите соби се со сопствено купатило со када, туш, влечки, фен, централен клима уред работи според временските услови, телефон, мини бар (со безалкохолни пијалоци и вода се полни секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, сателитски LCD телевизор и музички канали, WI-FI интернет, тепих или ламинат, балкон или тераса.

  • Услуга

    Ultimate Сѐ вклучено - 24 часовна услуга за храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ужина во текот на денот, ручек, кафе, вечера, диететско бифе, специјално бифе за деца и место за подготовка на храна за бебиња,, вегетаријанско бифе, безглутенски леб и ужинки, детокс бар, ресторани À la Carte со претходна резервација (турски, италијански, мексикански), сладолед во одредени часови во текот на денот, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци.

    Не се вклучени: специјални увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци и лименки , свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, рибен À la Carte ресторан, сите вина, шампањ и специјални нарачки во A’la Carte ресторани, услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан Панорама со шведска маса, À la Carte ресторани - рибен, турски, италијански и мексикански, барови околу хотелскиот комплекс, Диско бар.

    Доктор, перална и хемиско чистење, чување деца, телефон, факс, интернет катче, продавници, изнајмување кола, фризер, компјутерски игри се доплаќаат. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.

  • Плажа

    Хотелска песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори за сонце, душек и крпи за плажа. Павилјоните на плажа се со претходна резервација и доплата.

  • Спорт и забава

    Отворени и затворени базени, тобогани, турска бања, сауна, парна соба, фитнес центар, кошарка, одбојка на плажа, пинг-понг.

    Се доплаќа: спортови на вода, осветлување на тениски терени, масажа, СПАцентар, куглање, билијард и компјутерски игри.

    Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа со стручен тим, вечерни шоу програми. Crispy Kids World мини клуб за деца од 4 – 12 години со специјални програми. Специјални програми за тинејџери од 13 – 17 години.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација