Melas Holiday Village
- Turcija
- Antalija
- Side
-
-
-
-
-
- 36 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Melas Holiday Village
-
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 2 км од Сиде и 65 км од аеродромот во Анталија.
-
Сместување
Вкупно 328 соби во клуб згради на 2-3 ката.
Стандардни соби (20 м², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 дете).
Економски соби (18 м², една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица, се наоѓаат на задната страна од хотелот, во близина на аква паркот).
Економски фамилијарни соби (26 м², една голема соба, едно купатило, макс.2+2 деца).
Фамилијарни делукс соби (26 м², една голема спална соба, едно купатило, макс.4).
Апартмани (45 м², една или две спални соби, една дневна соба, мала кујна, едно купатило, макс.4+1 дете+бебе).
Сите соби се со приватно купатило со туш, фен, централен или сплит клима уред, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалоци и пиво секој втор ден) електричен бокал, сет за кафе и чај, ламинат или керамички под, сеф, сателитска телевизија и музички канали, балкон.
-
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, бифе доцна навечер, сладолед во одредено време, мини бар во собите, À la Carte ресторани со претходна резервација и само еден ресторан може да се користи еднаш за време на престојот (не е дозволено за деца под 12 год. во интернационалниот и во азискиот ресторан), локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, пијалоци во диско клубот до 02:00 часот (во Melas Resort Hotel).
Не е вклучено: сите увозни пијалоци, специјални вина, сите пијалоци во шише и лименка, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, услуга во соба.
-
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турски, рибен и интернационален, барови околу хотелскиот комплекс.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција (ниска брзина) е достапна во целиот хотел.
-
Плажа
Хотелска песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа. Крпите се бесплатни на пристигнување, а потоа секоја промена се доплаќа.
-
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, четири тобогана, фитнес центар, турска бања, сауна, соба со пареа, тениски терен, пинг понг, одбојка на плажа, кошарка, сквош, мини голф.
Се доплаќаат: масажа, билијард, интернет кафе и компјутерски игри, спортови на вода, осветлување за тениски терени и часови по тенис. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, навечер шоу програми.
Мини клуб за деца 4-12 години со различни активности и програми, Мини Диско навечер.
Забелешка: Хотелот не е соодветен за лица со попреченост поради многу скали околу објектот. Гостите од Melas Holiday Village може да го користат само диско клубот во Melas Resort Hotel, а сите други содржини со хотелот во кој што се сместени.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца
-
Плажа
- Лежалки за плажа