Merve Sun Hotel & SPA

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Merve Sun Hotel & SPA
• 40 слики
• Во близина на центарот
• Песочна плажа
• Бесплатно WiFi
• Лежалки и чадори бесплатно
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• Отворен базен
• Теретана

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Merve Sun Hotel & SPA

• Положба

Хотелот се наоѓа во Кумкој на 2 кm од центарот на градот и 65 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 176 соби, во две главни згради и во 4 посебни блока. Два блока се без лифт.

Стандардни соби (една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лица).

Фамилијарни соби (две посебни спални соби, едно купатило, макс. 4 лица).

Економски соби (се наоѓаат во главната зграда на прв кат, немаат балкон и се помали од стандардните, макс. 2 лица).

Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, сплит клима уред, телефон, мини бар (вода на пристигнување), кафе и чај, сеф (со доплата), ламинатен под, сателитска ТВ и музички канали, балкон.

• Услуга

Сѐ вклучено – шведска маса со појадок, ручек, попладне кафе, чај и торти, вечера, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 23.00 часот, концентрирани овошни сокови, бар на плажа за закуски од 10.00 – 17.00 часот (закуски и само безалкохолни пијалоци и пиво), À la Carte ресторан еднаш во тек на престојот и со претходна резервација (пијалоците не се вклучени).

Не е вклучено: сите увозни пијалоци, специјални вина и коктели, свежо цедени сокови, турско кафе, сладолед, сите флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, специјални вина и услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À La Carte ресторан, барови покрај базенот, бар на плажа од 10.00 – 17.00 часот, лоби бар. Доктор, перење алишта, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, изнајмување кола, продавници се доплаќаат.

WI-FI интернет е бесплатен во лоби и во собите.

• Плажа

Хотелска песочна плажа на 400 метри од хотелот со бесплатни лежалки и чадори за сонце. Крпи за на плажа се со депозит.

• Спорт и забава

Надворешен и внатрешен (затворен во текот на летната сезона) базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг.

Се доплаќаат: масажа, билијард и компјутерски игри, спортови на вода. Лесни забавни програми во текот на денот и два пати неделно жива музика во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4-12 години.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација