Miramare Queen

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Miramare Queen
• 26 слики
• За деца
• Дете до 13,99 - бесплатно сместување
• На плажа
• SPA & Wellness
• Песочна плажа
• Аква парк
• Анимација
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Затворен базен
• Фамилијарни
• Отворен базен
• Теретана

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Miramare Queen

• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 6 km од Сиде и 60 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 358 соби во една главна зграда и во 9 три-катни вили без лифт.

Стандардни соби (25 m², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, една фотелја, едно купатило, макс.2+1 лице).

Фамилијарни соби (29 m², се наоѓаат во вилите, со поглед кон копно или кон градина, една голема соба со дупли кревет, еден единечен кревет и една софа, едно купатило, макс.3+1 дете).

Апартмани (40 m², една спална соба со дупли кревет и една дневна соба со два кревета, одвоени со врата, едно купатило, поглед кон море, макс.3+1 лице).

Апартман со сауна и џакузи (75m², поглед кон море, една голема соба поделена со преграда на спална соба и дневна соба, едно купатило, џакузи, сауна, голема тераса, макс.2лица).

Кралски апартман (75 m², две спални соби, дневна соба, две купатила, дигитален камин, голема тераса, макс.4+1 дете).

Сите соби се опремени со купатило, туш кабина, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, минерална бода и безалкохолни пијалаци се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ламинатен под, Wi-Fi интернет конекција, сателитска телевизија и музички канали, балкон или тераса.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневно кафе, колачи и чај, вечера, закуска доцна навечер, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалаци, некои увозни алкохолни пијалаци. Бар и ресторан на плажа од 09:00 до 18:00 часот, À la Carte ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престој и тоа само во еден од рестораните.

Не е вклучено: увозни пијалаци кои не се во мени, луксузни и флаширани пијалаци, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци, специјални вина, турско кафе, услуга во соба.

Концепт на платинум услуга (Deluxe Terrace & Jacuzzi room, Deluxe Private Garden, Suit room): Услуга за асистенција и помош на гости, платинумска нараквица, брз чек-ин, доцен чек-аут во зависност од достапноста, неограничено користење на À la Carte рестораните, една бесплатна масажа од 60 минути, услуга за пеглање и перење, брза WI-FI интернет конекција, бесплатна услуга во соба, ВИП пакет со овошје и вино, чоколади, сушено овошје и Nespresso машина за кафе.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Pasha – турска кујна, барови околу хотелскиот комплекс, диско клуб.

Доктор, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, перење, хемиско чистење, пеглање, продавници, изнајмување кола се доплаќаат.

WI-FI интернет конекција е бесплатна во целиот хотел.

• Плажа

Хотелска песочна плажа. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.

• Спорт и забава

Отворени базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, одбојка на плажа, пинг-понг, тениски терени.

Се доплаќа: сите спортови на вода, осветлување на тениските терени, центар за убавина, сауна, масажа, билјард и комјутерски игри. Забавни програми со професионален тим во текот на денот и вечерни шоу програми, мини клуб за деца од 04 - 12 години и клуб за тинејџери од 13 - 16 години, детско игралиште, мини диско навечер.

Хотелот е реновиран во 2019 /2020 година

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација