Otium Family Eco Club

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Otium Family Eco Club
• 56 слики
• Наша препорака
• Песочна плажа
• Аква парк
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• За деца
• Фамилијарни
• Дете до 11,99 - бесплатно сместување
• Теретана и СПА

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Otium Family Eco Club

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Титрејенгул на 450 метри од морскиот брег, 70км оддалечен од аеродромот во Анталија и 7км од античкиот град Сиде.

• Сместување

Вкупно 428 соби.

• Стандардни Хотелски Соби: (18-28м²; една сплана соба, едно купатило, макс.2+1 лице).
• Големи Хотелски Соби: (35-39м², една спална соба, едно купатило, макс.2+2 лица).
• Вила Фамилијарни Апартмани: (47м², две спални соби одвоени со врата, една дневна соба, едно купатило, макс.5 лица).
• Вила Фамилијарни Соби: (41м², една спална и една дневна соба одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).

Сите соби се со приватно купатило со када, туш, фен, клима, телефон, сеф, сателитска телевизија и музички канали, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, тепих на под во хотелските соби и мермерен под во вила собите, WI-FI интернет конекција и балкон.

• Услуга

Сѐ вклучено - шведска маса со појадок, ручек, вечера, закуски навечер, попладневни закуски, бифе за деца и ресторан за деца, катче за палачинки, ресторан за закуски на плажа, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 24.00 часот, сладолед за време на одредени часови, пијалоци (од концептот) во диско клубот до 02:00 часот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, специјални вина, коктели, енергетски пијалоци и луксузни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, наргиле, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса вклучувајки Hero’s Kids ресторан, À la Carte ресторани: Salvini – италијанска кујна, Alize – азиска кујна, Ocean Fish ресторан – кујна за морска храна, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција бесплатна во целиот хотел.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа на 450 метри од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и пешкири на плажа се бесплатни. Има превоз до плажа бесплатен во текот на целиот ден или гостите можат да пешачат покрај езерото Titreyen на само 10 минути до плажата. Приватните павилјони се со претходна резервација и се доплаќаат.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, тениски терени, пинг понг, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, сауна, турска бања и парна соба се бесплатни. Џакузи, масажа, осветлување за тениски терени, Wellness и SPA центар, и спортови на вода се доплаќаат. Забава со дневни програми покрај базен или на плажа, натпревари за возрасни и деца, навечер шоу програми. Има специјален дел од хотелот за деца – Kid’s World со специјален ресторан за деца со мали столчиња и маси, специјални места за играње во текот на денот, спални соби за деца и бебиња кои треба да спијат преку ден, базен со аква парк за деца, активности како готвење (печење), одржување на градината, цртежи по лице. Мини Луна Парк (со доплата), мини диско навечер, се за вашите деца да бидат среќни.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација