Otium Family Stone Place

  • Otium Family Stone Place
  • 52 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо Otium Family Stone Place

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Чолакли на 10 км од Сиде и 45 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 330 соби во седум поврзани блока.

    Стандардни соби (22-24 м², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице).

    Супериор соби (26-28 м², една спална соба, едно купатило, макс.2+2 лица).

    Фамилијарни соби (30-32 м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).

    Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, централен клима уред кој работи во согласност со временските услови, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци на пристигнување, а потоа се дополнува секој ден со вода), сеф, ламинатен под, телевизор со сателитски канали, балкон.

  • Услуга

    Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневни закуски, вечера и ноќна закуска. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 – 24:00 часот, сладолед во одредено време, бар на плажа од 10:00 – 18:00 часот.

    Не е вклучено: увозни пијалоци, сите пијалоци во диско клубот, свежо цедени сокови, сите флаширани пијалоци, сите локални и увозни вина, наргиле, услуга во соба, À la carte ресторан.

  • Содржини

    Главен ресторан со тераса за шведска маса, À la carte ресторан покрај плажа, ресторан и бар за закуски, барови околу хотелскиот комплекс.

    Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, продавници, интернет и компјутерски игри, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет конекција во лобито и околу базен е бесплатна.

  • Плажа

    Хотелска приватна песочна плажа на 300 м од хотелот. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа. Има пат помеѓу хотелот и плажата.

  • Спорт и забава

    Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни.

    Се доплаќа: сите спортови на вода, билјард, компјутерски игри, масажа. Забава во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца од 4 - 12 години, игралиште, мал луна парк бесплатно.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Локација