Hane Family Resort

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Hane Family Resort
• 38 слики
• Песочна плажа
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Теретана

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Hane Family Resort

• Положба

Хотелот се наоѓа во Евренсеки, 65 km од аеродромот во Анталија и 8 km од Сиде.

• Сместување

Собите се распоредени во 5 главни згради.

Стандардни соби (24 m², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс 3 лица).

Економски соби се исти како стандардните, на прв кат, со поглед кон улица).

Фамилијарни соби (48 m², две спални соби со конектирачка  врата или една голема соба поделена со преграда, едно купатило, макс 4+1 лица).

Сите соби се опремени со приватно купатило со туш кабина, фен, клима, телефон, сеф (со доплата), мини бар (се дополнува со вода секој ден), под од ламинат, сателистска ТВ и музички канали.

• Услуга

Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, попладневно кафе, колачиња, закуски на барот на плажа, сладолед 2 пати во тект на денот по половина час, À la carte ресторани со претходна резервација еднаш во текот на цел престој, полноќна супа, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-23:30 часот, снек барови на плажа со безалкохолни пијалоци и пиво.

Во услугата не е вклучено: сите увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, локални и специјални вина, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, турко кафе, сите пијалоци во диско клубот како и во Vitamin барот.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, снек бар на плажа, À la carte ресторан со италијанска и турска кујна, лоби бар, бар на базен.

Доктор, перална, хемиско чистење, телефон, факс, компјутерски игри се со доплатa.

WI-FI интернет конекција се доплаќа.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа на 300 метри од хотелот. Чадори, лежалки и крпи за на плажа се бесплатни.

• Спорт и забава

Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес соба, турска бања, сауна, тениски терен, одбојка на плажа, пикадо се бесплатни.

Масажи, осветлувањето на тениските терени, тениска опрема, билијард, играчница, спортови за вода се доплаќаат.

Дневни и вечерни анимации, мини клуб за деца од 4-12 години, игротека и мини диско, а во вечерните часови анимации за деца од 13-17 години.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација