Royal Taj Mahal

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Side
  • Royal Taj Mahal
  • 56 слики
  • Песочна плажа
  • Аква парк
  • Лежалки и чадори бесплатно
  • За деца
  • Фамилијарни
  • Отворен базен
  • На плажа
  • Теретана и СПА

color:#1F4E79;mso-themecolor:accent1;mso-themeshade:128">ROYAL TAJ MAHAL HOTEL – 5*- EVRENSEKI – SIDE color:#253D82"> Calibri;mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#333333">Локација mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#333333">: Хотелот се наоѓа во областа Calibri;mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#333333;mso-ansi-language:MK" lang="MK">Евренсеки, mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#33333

Инфо Royal Taj Mahal

ROYAL TAJ MAHAL HOTEL – 5*- EVRENSEKI – SIDE

 

Локација: Хотелот се наоѓа во областа Евренсеки, 5км од Сиде и 48км од аеродромот во Анталија.

 

Сместување: Вкупно 450 соби. Супериор стандардни соби (52 м²; една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.3+1 лице). Дуплекс фамилијарни соби (70 м²; на спрат има една спална соба и купатило, а на приземје спална соба за деца и купатило со туш, врата на спалната соба на спрат, макс.4 лица). Фамилијарни соби со конектирачка врата (77 м²; две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица), Јуниор апартман (85 м²; една спална соба, една дневна соба, купатило со џакузи, соби со поглед на море, макс.2 лица), Taj Mahal Фамилијарни соби (77 м²; две спални соби и ходник, спалната соба за родители е со купатило со џакузи, другата спална соба е поврзана со ходникот и има туш, макс.4 лица) и 5 соби за лица со попреченост.

Собите се со страничен поглед на море, со поглед на море и со поглед на копно, со приватно купатило со туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалоци и пиво секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, тепих на под, LCD TV со сателитска програма, балкон.

 

Услуга: Ултра Сѐ вклучено  – шведска маса со појадок, доцен појадок, утрински ужини, ручек, попладне торти, колачи, закуски, вечера, закуска доцна навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, услуга за сладолед за време на вечерата, слаткарница, мини бар во собите. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, сите локални и увозни флаширани вина, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, свежо цедени овошни и зеленчукови сокови, увозен шампањ, услуга во соба.

 

Содржина: Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани – Gusto Della Note –италијанска кујна, La Filika – морска храна и Agra – мексиканска и индиска кујна, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат. WI – FI интернет со ниска брзина во целиот хотел е бесплатен.

 

Плажа: Хотелска приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.

 

Спорт и забава: Отворени затворени (затворени во лето) базени за возрасни и деца, еден базен е полуолимписки, аква парк со лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терен, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг се бесплатни. Масажа, SPA и центар за убавина, осветлување за тениски терен, куглање, билијард, Луна парк, сите спортови на вода се доплаќаат. Аква Паркот и Луна Паркот се користат заедно со Royal Dragon Hotel. Stone Sport Complex – тениските игралишта навечер, опрема и курсеви се со доплата. Забава во текот на денот, натпревари и различни програми навечер, шоу програми, забавен парк и мини клуб за деца од 04-12 години.

 

www.royaltajmahal.com

 

ЗАБЕЛЕШКА: ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ХОТЕЛОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ПРОМЕНА НА НЕКОИ СОДРЖИНИ БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА

 


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација