Seaden Sea World Resort & Spa
- Turcija
- Antalija
- Side
-
-
-
-
-
- 39 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Seaden Sea World Resort & Spa
-
Положба
Хотелот се наоѓа во областа Кизалагач на 15 км од Манавгат и 70 км од аеродромот во Анталија.
-
Сместување
Вкупно 528 соби во три блока.
Стандардни соби (30м², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице).
Child Friendly соби со поглед на копно (исти како стандардните соби со една спална соба со дупли кревет + два единечени кревети или две софи, едно купатило, макс.2+2 деца).
Економски соби (30м², една спална соба со дупли кревет, едно купатило, француски балкон, макс.2 лица).
Фамилијарни соби (50м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).
Стандардни комфорт соби (30м², исти како Стандардните соби, но со директен поглед на море од повисоките катови, макс.3 лица).
Апартмани (80м², една голема спална соба со џакузи, дневна соба, голема тераса, директен поглед на море, макс.2 лица)
6 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со приватно купатило со када или туш, фен, клима уред, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво има само при пристигнување, потоа се дополнува со вода секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон.
-
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе, колачи и чај, вечера, закуска доцна навечер, ноќно бифе, сладолед во одредени часови во денот, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци (еден бар е отворен 24 часа), À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, бар на плажа од 10:00 – 18:00 часот.
Не е вклучено: сите увозни пијалоци, флаширани пијалоци и пијалоци во лименка, турско кафе, свежо цедени сокови, специјални локални и увозни вина, услуга во соба, сите пијалоци во Wellness центарот и во диско клуб.
-
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турски ресторан, италијански ресторан, ресторан со храна од Далечен Исток, барови околу хотелскиот комплекс, диско клуб.
Доктор, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, перење и хемиско чистење, пеглање, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна во целиот хотел.
-
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.
-
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, тениски терени, пинг понг, мини голф, гимнастика се бесплатни.
Со доплата: сите спортови на вода, Wellness центар, масажа, осветлување на тениските терени, часови и опрема за тенис, билијард и соба за игри.
Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми во вечерните часови, мини клуб за деца од 4 - 12 години, анимации, игралиште, мини диско во вечерните часови.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца
-
Плажа
- Лежалки за плажа