The Sense Deluxe

  1. Turcija
  2. Antalija
  3. Side
  • The Sense Deluxe
  • 22 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Инфо The Sense Deluxe

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа на 4 км од Сиде и 65 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 374 соби во пет блока.

    Стандардна соба: (26 м², една соба со дупли кревет + кревет на расклопување, купатило, макс. 2+1 лица).

    Стандардна соба тип 2 (26 м², една соба со дупли кревет + кревет на расклопување, второто дете спие со родителите, нема четврт кревет, едно купатило, макс.2+2 деца).

    Swim up соби (26 м², лоцирани на приземје, една соба со дупли кревет + софа, купатило, макс.2+1лица).

    Јуниор апартмани (37м², една поголема соба со дупли кревет, софа, купатило, макс.3 лица).

    Дуплекс фамилијарни соби (45 м², две спални соби, долу се единечните кревети, а горе по скалите е отворена галерија, има дупли кревет, две купатила, макс.4 лица).

    Апартмани (48 м², една голема соба со дупли кревет + две софи, едно купатило, макс.3 лица).

    Сите соби имаат сопствено купатило со туш, фен, клима, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци и вода на пристигнување, а потоа се надополнува само со вода), електричен бокал, кафе, чај, сеф,  LCD ТВ сателитски канали и музички канали.

  • Услуга

    Ултра сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни закуски, вечера, ноќни закуски, À la Carte ресторани со претходна резервација eднаш во текот на престојот од 7 ноќевања во еден од нив. Локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-02.00 часот, сладолед само во одредени саати, снек бар на плажа од 10.00-18.00 часот.

    Не е вклучено: увозни пијалоци, свежо цедени сокови, пијалоци во шише и лименка, специјални вина, сите пијалоци по 02.00 часот.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Osmanli (турски), Lagos (рибен), La Vitas (италијански), барови низ хотелскиот комплекс.

    Со доплата се доктор, чување деца, перална, фризер, телефон, интернет, продавници, изнајмување кола. WI – FI интернет конекцијата се наплаќа во целиот хотел.

  • Плажа

    Хотелска песочна плажа на 200 м од хотелот. Лежалките, чадорите за сонце и крпите се бесплатни. Има бесплатен превоз до плажа.

  • Спорт и забава

    Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, еден базен за возрасни (+16), тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, пинг-понг, одбојка на плажа, билијард.

    Се наплаќаат: спортови на вода, спа и велнес центар и масажа.

    Забавни програми во текот на денот. Мини клуб за деца од 4-12 години, со програми во текот на денот и мини диско во вечерните часови.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Содржини

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација