Crystal Green Bay Resort

1. Turcija
2. Egejski Breg
3. Bodrum
• Crystal Green Bay Resort
• 61 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Crystal Green Bay Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Мугла на17 км од аеродромот и 27 км од центарот на Бодрум.

• Сместување

Вкупно 291 соба, во главната и анекс зграда на 3 ката.

• Стандардни соби (20 м²,сместени во главната или во анекс зградата, со поглед на градина, една спална со француски кревет, едно купатило со туш кабина, макс. 2 лица).
• Големи стандардни соби (23 м², една спална со француски кревет и една софа, едно купатило со када, во главна зграда, со поглед кон градина или шума, макс. 2+1 дете).
• Стандардни соби со кревети на спрат (23 – 26 м², сместени во главна или анекс зграда, една спална со француски кревет и кревети на спрат, едно купатило со туш, поглед кон градина или шума во главна или анекс зграда, макс. 2+2 деца).
• Фамилијарна соба (34 м², во главна или анекс зграда, со две спални соби поврзани со врата – во едната спална француски кревет, во другата два единечни, едно купатило со туш, 2 ТВ, поглед на градина или во шума, макс 2+2 или 3+1 дете).
• Фамилијарни соби со кревети на спрат (34 м², во главната или анекс зградата, 2 спални соби, едно купатило со туш кабина, 2 ТВ, поглед кон градина или шума, во главна или анекс зграда, макс. 3+2).

Сите соби се опремени со клима, сеф, LCD TV и музички канали, купатило, мини бар (се дополнува еднаш дневно), дневно чистење на собата со замена на крпи и постелнина, влечки, фен, бесплатен интернет, телефон.

• Услуга

Ултра сѐ вклучено бесплатен пијалок за добредојде, шведска маса за појадок и продолжен појадок, ручек, вечера, полноќна закуска, со современ концепт од начин на приготвување на храната, специјални мениа со вегетаријанска храна, детокс бар, детско мени, диететска храна, посебен дел за деца во главниот ресторан со детско мени, можност за подготовка детска храна, вечера во À La Carte ресторан еднаш за време на престој од 7 дена - бесплатно со претходна најава – италијански, турски или рибен ресторан; слаткарница со богат избор на колачи, торти и пецива, снек ресторан со брза храна, ѓозлеме, Аква снек ресторан со брза храна, во градина за релакасија. сладолед во одредено време од денот, локални и увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, Korner бар – пиво и безалкохолни пијалоци, Frozen and detox – сладолед и свежо цедени сокови од зеленчук и овошје, лоби бар, бар на плажа, диско клуб. За млади парови на меден месец посебна бесплатна услуга по пристигнувањето – брзо пријавување, при сместување во соба, шампањ, овошје во соба, декорација на соба, посебна декорација во À La Carte рестораните, појадок во соба (еднаш за време на престој), бесплатно апгрејд на соба (според достапност во хотелот). Храната и пијалоците што се на мени во баровите се бесплатни. Со доплата се свежо цедени сокови од овошје и зелечук, флаширани пијалоци, специјални вина, шампањ, ексклузивни пијалоци (со 10-12 год. стар виски и др), енергетски пијалоци, услуга во соба, како и вечера во ресторан за престој од 6 ноќи и помалку, специјални јадења и настани организирани на одредени места во хотелот, Со доплата се и услугите за доктор, перење и хемиско чистење, телефон, факс, изнајмување, продавници.

• Содржини

Главен ресторан за шведска маса, бар на плажа, лоби бар, ресторани низ хотелскиот комплекс. Со доплата се чување деца, изнајмување кола, доктор, фризер, продавници, факс, салон за убавина.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и ситни камчиња, плажа со сертификат за сино знаме и зона за непушачи. Има три дрвени платформи, соблекувални, туш на плажа. Лежалки, чадори и крпи за на плажа бесплатни. Бар на плажа. Спасувачи на плажа.

• Спорт и забава

Хотелот располага со главен базен за возрасни и деца, аква базен и базен за возрасни ( над 16 год). Green bay aqua парк е интересно место за забава и располага со четри лизгалки, како и бар во непосредна близина - Aqua бар. За малите деца постои и мини аква парк. Хотелот нуди целодневни активности за деца (игри, забава, натпревари) со специјално обучени тимови за деца од 04.00 до 12.год и од 13.год. до 17.год, мини диско, мини кино. За возрасни DJ перформанси на барот на плажа, караоке, жива музика во вечерните часови како и тематски забави, јога и медитација. Хотелот има и СПА центар. Бесплатни услуги се: турска бања, сауна, парна бања, соба за релаксација. Со доплата се специјални масажи, детокс програми, фризер, козметички третмани за лице и тело. Фитнес центар, тениско игралиште, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни. Со доплата е осветлување на тениско игралиште и сите спортови на вода.

• Внимание

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација