Delta Hotels by Marriott Bodrum
- Turcija
- Egejski Breg
- Bodrum
-
-
-
-
-
- 62 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Delta Hotels by Marriott Bodrum
-
Положба
Хотелот се наоѓа на 2 км од местото Јаликавак, на 20 км од центарот на Бодрум и 58 км од аеродромот. Хотелот е отворен во 2000 година, а реновиран во 2018 година.
-
Сместување
Вкупно 283 соби.
Стандардни соби (18 м², една спална, едно купатило, без балкон, макс. 2 лица).
Супериор соба со поглед на море (24 – 28 м², макс. 3 лица, една спална едно купатило, балкон).
Премиум соби со поглед на море (30 -32 м², една спална, едно купатило, балкон, макс. 3 лица).
Фамилијарни соби (35 м², со две спални соби - едната со француски кревет, а другата со два единечни кревети, едно купатило, балкон или тераса, макс. 4 лица).
Фамилијарна соба со поглед на море (40 м², макс. 4 лица, две спални соби, во едната има француски кревет, а во другата два единечни кревета, едно купатило, тоалет, балкон или тераса).
Сите соби имаат LCD TV, WI-FI интернет, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци и вода при пристигнување, со вода се дополнува секој ден), сеф, клима, фен, купатило со туш кабина, балкон (економските соби се без балкон).
Две економски соби за лица со попреченост.
-
Услуга
ALL inclusive Plus - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, полноќна супа. Покрај главниот ресторан, на гостите им се на располагање и два À la carte ресторани (италијански и рибен), кои се бесплатни еднаш за време на престој од 4 до 6 дена и два пати за време на престој повеќе од 7 дена, неколку барови (лоби бар, снек бар и бар на плажа).
Во концептот вклучени се оброци во главниот ресторан, ужини, колачи и торти во одредено време и локација во рамките на хотелскиот комплекс. Локални домашни и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци се бесплатни. Сѐ што не е во концептот и во менито за пијалоци е со доплата (увозни и премиум пијалоци).
-
Плажа
Хотелот се наоѓа на песочна плажа долга 200 метри, има платформа на плажата. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни. Павилјони на плажа се со доплата.
-
Спорт и забава
Отворен базен, релакс базен, детски базен со лизгалки, затворен базен. Пикадо, пинг понг, куглање, одбојка на плажа, фитнес центар и други дневни анимации и забавни програми, Мини клуб за деца.
Со доплата се спортови на вода и сѐ останато што не е во концептот на хотелот. Бесплатно е турска бања, сауна, парна бања.
Со доплата се масажа и останати третмани за лице и тело. Доктор, фризер, продавници, шатл сервис, телефон, факс, услуга во соба, перална, интернет кафе, чување деца се исто така со доплата.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца