Selectum Colours Bodrum
Bodrum, Turcija
Види цени
Види цени
За Selectum Colours Bodrum
-
Положба
Хотелот се ноѓа во Ѓумбет, на 4 km од ценатрот на Бодрум и 35 km од аеродромот.
-
Сместување
Вкупно 496 соби сместени во 43 блокови на 2 или 3 ката и главна зграда.
Стандардни соби со поглед на море и градина (23 m², една спална, едно купатило, макс. до 3 лица).
Стандардни соби со кревети на спрат (23 m², една спална со дупли кревет и кревети на спрат, едно купатило, макс.2+2 лица).
Дуплекс фамилијарни соби (36 m², 2 спални соби - едната со француски кревет и другата со два единечни кревети, едно купатило, макс. 4 лица)
5 стандардни соби за лица со попреченост.
Сите соби имаат балкон или тераса, поглед кон градина или море, приватно купатило со туш кабина и фен, гарнитура за седење на тераса, сеф, телефон, сателитска ТВ и музички канали, мини бар (секојдневно се полни со вода, сокови и пиво), плочки на подот, бањарка (на барање), влечки, фен, WI-FI, централна клима, електричен бокал, сет за чај и кафе, секојдневно чистење соби, менување крпи и постелнина секој втор ден.
-
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведса маса за појадок, ручек, закуски во текот на денот, вечера, ноќни закуски. À La Carte ресторани (италијански, турски, медитерански, со морска храна) бесплатни еднаш за време на престој од мин. 5 ноќевања со претходна резервација. Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, бар со закуски на плажа од 10-18.00 часот, слатки и колачи, сладолед, вафли и свежо овошје.
Не е вклучено: специјални увозни пијалаци кои не се на листата, пијалаци во шише или лименка, специјални локални и увозни вина, свежо цедени сокови, повторно користење на À La Carte рестораните.
-
Содржини
Главен ресторан за шведска маса, À La Carte ресторани со турска, италијанска, медитеранска кујна, барови околу хотелскиот комплекс, диско бар.
Доктор, перење алишта и хемиско чистење, чување деца, фризер, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување коли се со доплата.
Wi-Fi интернет е бесплатен насекаде во хотелот.
-
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња, со три платформи.
Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа и порај базен се бесплатни.
Павилјоните се со претходна резервација и доплата.
-
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, релакс базен само за возрасни (+15), тобогани, фитнес центар, сауна, турска бања, тениски терен, пинг понг, кошарка, мини фудбал, одбојка на плажа, гимнастика, јога, часови по танцување, билијард, пикадо, ватерполо.
Со доплата се: спортови на вода, осветлување на тениски терени, часови по тенис, школа за нуркање, масажи и центар за убавина.
Забавни програми во текот на денот, покрај базен и на плажа, натпревари и разни игри, а навечер шоу програми, музика во живо во одредени денови. Мини клуб за деца од 4-7 год, Џокер клуб за деца 8-12 год и Тин клуб за деца од 13-16 год со разни програми во текот на денот и навечер.
Хотелот е реновиран во 2023 година.
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.