Vogue Hotel Supreme Bodrum
- Turcija
- Egejski Breg
- Bodrum
- 126 слики
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Инфо Vogue Hotel Supreme Bodrum
-
Положба
Хотелот се наоѓа на 27 км од аеродромот и на 8 км од центарот на Бодрум.
-
Сместување
Вкупно 440 соби, распоредени во главна зграда и во помошни објекти во хотелскиот комплекс.
Стандардни соби во анекс зграда (32 м², макс. 2 лица).
Супериор соби во анекс зграда (55 м², макс.2+1, еден супли кревет и софа).
Супериор соби со поглед на копно или море (55 м², во главна зграда, еден дупли кревет, еден единечен кревет).
Корнер Делукс соба (75 м², голема тераса, поглед кон градина, во главна зграда).
Фамилијарен апартман во градина (во анекс делот, 75 м², две спални соби, едно купатило).
Фамилијарен апартман со поглед на копно или море (во главна зграда, 75 м², две спални соби одвоени со врата, купатило).
Конектирачки соби во анекс зграда (90 м², две посебни спални соби одвоени со конектирачка врата, две купатила).
Хотелот ги има и следните вили: Афродита, Аполон, Посејдон, Хермес, и претседателска вила. Гостите од вилите имаат ВИП концепт и привилегии.
Сите соби имаат приватно купатило, фен, мини бар, сеф, дел за седење, бањарки, влечки, сателитска ТВ, сет за кафе и чај, Wi-Fi интернет.
-
Услуга
Ултра Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, велера, специјално мени (за храна без глутен, лактоза) достапно на барање, детско и диететско бифе, бар со закуски, дел со брза храна, , Candytown Kids, лоби бар, слаткарница, бар покрај базен, Candyland Bar со сладолед, сокови и пиво, À la carte bar со бесплатни пијалоци до 22:00 часот, свежи сокови во Витамин барот (некои сокови се со доплата), свежо кафе и чај, локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, 3 À la carte ресторани (италијански, турски, и рибен) се со претходна резервација и бесплатно еднаш за престој.
Со доплата се увозни пијалоци, премиум пијалоци, пијалоци во шише и лименка, некои свежо цедени сокови во Витамин барот, Candyland бар со закуски, 3 À la carte ресторани (стек хаус, ресторан на плажа, јапонски) се со доплата и претходна резервација, услуга во соба и сѐ останато што не е наведено во концептот.
-
Содржини
Главен ресторан со шведска баса, 6 À la carte ресторани, посебен дел за деца во главниот ресторан, барови низ хотелскиот комплекс, слаткарница.
Со доплата се доктор, перење и пеглање алишта, телефон, факс, чување деца, изнајмување кола, продавници, салон за убавина, фризер, и сѐ останато што не е наведено во концептот.
Wi-Fi интернет е бесплатен во хотелот.
-
Плажа
Приватна хотелска плажа со песок и ситни камчиња. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.
-
Спорт и забава
Отворени базени за возрасни и деца, тематски парк Candyland со 33 тобогани за возрасни и деца, Луна парк, дино парк, ватерполо, одбојка на плажа, пикадо, бока, табла, пинг понг.
Со доплата се третмани и масажи во СПА центарот, пилатес, јога, спортови на вода.
Забавни програми за возрасни и деца во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца 4-7 год, макси клуб 8-12 год, и Тинејџерски клуб 13-17 год со разни активности според возраста.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Содржини
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца
-
Плажа
- Лежалки за плажа