Yelken Mandalinci Spa&Wellness Hotel

1. Turcija
2. Egejski Breg
3. Bodrum
• Yelken Mandalinci Spa&Wellness Hotel
• 27 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Инфо Yelken Mandalinci Spa&Wellness Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Тургутреис, на 18 км од Бодрум и 53 км од аеродромот.

• Сместување

Вкупно 125 соби во 3-катна зграда.

• Стандардни соби (22-26 м², со поглед на копно, макс. 2 лица),
• Фамилијарни соби со кревети на спрат (35 м², со поглед на копно, макс. 2+2).
• 2 соби за лица со попреченост

Сите соби имаат сопствено купатило со када или туш, фен, сеф, (со доплата), клима, телефон, мини бар (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон или француски балкон, керамички под.

• Услуга

Сѐ вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна закуска, кафе, вечера, доцна закуска, сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци до 23ч. Со доплата се доктор, перење и пеглање, изнајмување кола / мотор / велосипед, трансфер, телефон, факс, увозни пијалоци, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, турско кафе, пијалоци во шише.

• Содржини

Главен ресторан за шведска маса, бар покрај базенот.

• Плажа

Хотелска плажа со песок и камчиња (хотелот има посебен дел од јавна плажа). Лежалки, чадори за сонце и душеци не се наплаќаат. Крпите за на плажа се со депозит.

• Спорт и забава

Отворен базен со посебен дел за деца, детско игралиште, турска бања, сауна, фитнес центар, шах, пикадо, табла, пинг понг. Со доплата се спортови на вода, масажа, СПА центар. Забавни програми во текот на денот, турска вечер (еднаш неделно).

• Внимание

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Локација