Royal Park Spa Hotel & Apartments

• Royal Park Spa Hotel & Apartments
• 1 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/

Инфо Royal Park Spa Hotel & Apartments

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот е комплекс кој се наоѓа на околу 1,2 км од гондолата во Банско и скијачките патеки, на 1,9 км од општина Банско и 3,4 км од црквата Света Богородица, 1,4 км од црквата Св. Троица.

• Сместување

Royal Park е комплекс кој се состои од Royal Park Apartments (5 посебни згради со 37 апартмана и студија) и Royal Park hotel 4* (хотелска зграда со 57 двокреветни и фамилијарни соби).

• 40 Двокреветни соби (2 единечни и 1 дополнителен кревет, макс. 3 возрасни), околу 18 м² – 2 единечни кревета, а дополнителниот кревет е фотелја на растегнување. Некои соби имаат балкон.
• 17 Фамилијарни соби се главно на 5-ти кат и имаат помали (мансардни) прозорци. Инаку се идентични со стандардните соби.
• Апартмани со 1 спална соба се наоѓа во посебна зграда без конекција до главната зграда, вкупна површина од 50-60 м² и се состои од дневна соба со мала кујна со микробранова печка, тостер, фрижидер и клима, отворена софа и една посебна спална соба. Макс. 3 + 1 дете или 2 + 2 деца. Дополнителен кревет е софа на спуштање со должина од 120/190 cm, а во некои единици има и една фотелја со големина од 70/160 cm. Во помошните згради нема лифтови.
• Студија лоцирани во помошните згради, 40 м², со мала кујна со прибор за јадење, микробранова печка, тостер, фрижидер и клима. Макс. 2 возрасни и 1 дете. Дополнителен кревет е фотелја на растегнување 70/160 см.

Сите двокреветни и фамилијарни соби се опремени со 32” LCD телевизор со сателитска ТВ, биро, фотелја, телефон, централно греење, мини бар (со доплата), сеф (бесплатно), интернет (бесплатно). Во уупатилата има туш и фен. Забрането е пушењето во сите соби на хотелот.

• Услуга

Полупансион.

• Содржини

Рецепција, менувачница, услуга во соба, Wi-Fi во лобито на хотелот (бесплатно), простор за чување сопствена ски - опрема (со доплата), лоби бар, ресторан, кошер ресторан, казино, соба за игри, фризерски салон, студио за убавина, спа центар со внатрешен базен, фитнес, сауна, џакузи.

За деца: Детско креветче (на барање, бесплатно), детски столчиња во ресторанот, детски клуб (бесплатно), чување деца (на барање, со доплата), електронски игри (со доплата).

Без доплата: Внатрешен базен, сауна, парна бања, фитнес, соба за релаксација, простор за чување сопствена ски - опрема, транспорт до долната станица на ски-лифтот и Wi-Fi.

Со доплата масажи, третмани на телото.

Паркинг: Бесплатен паркинг

Домашни миленици: Не е дозволено.

• Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга

Локација