Minamark Resort

  1. Egipet
  2. Crveno more
  3. Hurgada
  • Minamark Resort
  • 66 слики

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk . Положба Хотелот се наоѓа во областа Сакала, на околу 7 мин. пешачење од познатата Марина и на 7 мин. возење од аеродромот во Хургада. Сместување Вкупно 298 со поглед

Инфо Minamark Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Сакала, на околу 7 мин. пешачење од познатата Марина и на 7 мин. возење од аеродромот во Хургада.

  • Сместување

    Вкупно 298 со поглед на море, базен, градина или градот. 227 соби се со балкон, 71 соба се без балкон (Club соби).

    • Club соби
    • Поврзани соби
    • Фамилијарни соби

    Собите во хотелот Minamark Resort 4 * се двокреветни (два единечни кревети или брачен кревет) или двокреветни со дополнителен кревет (два единечни кревети или брачен кревет и дополнително легло). Собите имаат клима уред, сателитска ТВ, телефон, фен, мини бар (се доплаќа, на лице место), сеф, бања, Wi-Fi, сет за кафе. Club собите се во посебна анекс-зграда, имаат поглед на улица/назад и се без тераса и можат да сместат најмногу 2 лица. Стандардните соби повеќето имаат балкон/тераса и се наоѓаат во главната зграда, може да имаат поглед на улица/назад. Супериор соби повеќето имаат тераса и се во главната зграда.

  • Услуга

    Сѐ вклучено според правилата на хотелот Minamark Resort 4 *. Услуга на шведска маса - самопослужување, појадок, ручек, вечера, ужини, сладолед само за деца и во одредено време, локални безалкохолни пијалоци, избор на повеќе јадења, правилото на хотелот е дека поради недоволен број на гости или други фактори, во некои периоди, било сезона или надвор од сезоната, се служи мени наместо шведска маса, кое не влијае на квалитетот на дадената услуга.

  • Содржини

    24-часовна рецепција, лоби бар (се доплаќа), сеф на рецепција (се доплаќа, на лице место), надворешен базен за возрасни и деца, бар покрај базен, бар на плажа, главен ресторан, 3 À la carte ресторани, продавници. Wi-Fi интернет е достапен во лобито, диско, анимација за возрасни и деца, игралиште за деца. Дополнително се плаќа: интернет услуга, перална, хемиско чистење, доктор, Health club - СПА и фитнес центар, пинг-понг, билијард, спортови на вода, масажи, À la carte ресторани и сл.

  • Плажа

    Мала приватна песочна плажа, едниот дел со корален гребен, другиот дел со постепен влез во морето.

  • Спорт и забава

    2 базени за возрасни и 2 за деца, аква парк со тобогани за деца и возрасни. Џакузи, сауна, масажа, клуб за деца, одбојка, пинг-понг, фитнес центар, фризер, салон за убавина, турска бања, дневни анимации за деца, детско кино.

  • Внимание

    Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

    Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

    Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

    Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

  • Веб страна на хотелот

Содржини

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Локација