Често поставувани прашања (ЧПП)

+
  • Како да резервирам online?

    +

    Внесете ги посакуваните “дестинација или хотел” (ако го знаете точното име на хотелот) или одберете “од каде сакате да летате”, “дестинација или хотел”, број на ноќевања и број на патници. Кликнете на “Најди аранжман”. Може да ги користите филтрите како “времетраење”, “ѕвезди”, “поволности за деца” и слично, со цел да се стесни изборот. Одберете “повеќе” за да ги прочитате сите корисни информации за избраниот хотел. Одберете тип на соба и “резервирајте го ова патување”. На “следен чекор” внесете ги податоците за сите патници (податоците мора да се исти како во пасош, напишани на латиница). На “следниот чекор” може да одберете дали ќе платите дел од износот или целиот износ на резервацијата. Откако ќе се плати, на е-меил ќе добиете информации за резервацијата. Најдобро е да го контактирате нашиот центар за грижа на корисници на +389 2 3238083 или +389 70 404488, за да ги проверете деталите.

  • Дали може да резервирам преку телефон?

    +

    Може да резервирате директно во нашите канцеларии во Скопје, Струга, Куманово или Охрид. Исто така, може да резервирате преку viber / whatsapp на 070404488, преку некој од нашите оператори. Доколку ви е потребна помош при online резервирање, може да го исконтактирате центарот за грижа за корисници на 02 323 8083.

  • Кога ќе добијам потврда за мојата online резервација?

    +

    Откако ќе се уплати минималниот износ за резервацијата, ќе добиете потврда на меилот што е наведен при резервирањето. Понекогаш, за некои хотели потребни се 24 часа за да ја потврдат резервацијата. Доколку резервацијата не е потврдена, ќе ви биде понудена алтернатива (може да има разлика во цена). Ако не ви одговара алтернативата, уплатените средства ќе се рефундираат. Најдобро е да го исконтактирате центарот за гружа на корисници веднаш по резервирањето, за понатамошна консултација. Може да ни пишете на viber / whatsapp на 070404488 или да ни се јавите на 02 323 8083.

  • Како да доплатам за мојата резервација?

    +

    Ако сте направиле online резервација, сите детали за истата може да ги добиете во Client Care на нашата веб страница. Најавете се со бројот на резервација што ќе го добиете на е-меил (на пример FM123456), и ќе имате увид во резервацијата. Преку Client Care може и да се доплати за резервацијата. Доколку има некои технички проблеми, и не можете да се најавите, ве молиме контактирајте го центарот за грижа за корисници на 02 323 8083.

  • Кога ќе добијам ваучер за резервацијата?

    +

    Откако целосно ќе се плати, контактирајте го вашиот агент или центарот за грижа на корисници за да ви го испратат ваучерот, кој што ќе ви служи како доказ за вашата резервација.

  • Како може да платам?

    +

    Плаќањето во денари (кеш или картичка) може да го извршите директно во нашите канцеларии во Скопје, Струга, Куманово или Охрид. Доколку сте од други градови, плаќањето може да биде преку стандарден банкарски трансфер (од земјата или од странство). Трошоците за банкарска провизија ги покрива клиентот. При плаќање од странство, задолжително треба да се наведи за која резервација се плаќа и точно име и презиме на некое од лицата во резервацијата, и дека примател на средствата е Фибула Ер Травел. Исто така, плаќањето може да го извршите со вашата visa или master картичка, со пополнување документ за авторизација и наплата од истата.

  • Дали може да платам на рати?

    +

    Плаќање на рати може да се изврши со кредитна картичка на Халк Банка или Diners картичка. Може да се плаќа и со картички од други банки, во зависност од договорот склучен помеѓу корисникот на картичката и неговата банка.

  • Дали цените се по лице или за сите?

    +

    Цените објавени на социјалните мрежи се дадени по лице, освен ако не е наведено поинаку. Цените на нашата веб страница се дадени за толку лица колку што имате наведено при пребарувањето. Цените во понудите се дадени во целост за толку лица колку што имате наведено при барањето понуда.

  • Дали децата патуваат бесплатно?

    +

    Најчесто, едно дете до одредена возраст се сместува бесплатно во хотел. Некои хотели во Анталија и Бодрум примаат и две деца бесплатно во една стандардна соба. Но, секое лице со полни 2 години и нагоре, мора да користи седиште при транспорт, поради безбедносни причини, и плаќа цена исто како и возрасен. Ако бебето полни 2 години во моментот на враќање, треба да се плати карта во еден правец. Ова е правило од кое што нема никакви отстапки, бидејќи се работи за безбедноста на сите патници.

  • Што е вклучено во цената?

    +

    Цените за пакет аранжманите за чартер летовите вклучуваат хотелско сместување во избран хотел и услуга, повратни авионски карти, аеродромски такси, трансфери од аеродром до хотел и од хотел до аеродром, чекиран багаж до 20 кг по лице, рачен багаж до 8 кг по лице, асистенција од наш претставник, туристичка такса (за аранжмани во Турција). Доколку пакетот (не) содржи нешто друго, нашите агенти или оператори ќе ве известат за тоа пред да одлучите да резервирате.

  • Дали цените се со попуст за рана уплата, или со некој друг попуст?

    +

    Попустите за рана уплата се попусти објавени од хотелите пред почетокот на сезона. Самите хотели имаат право да ја одредат висината на попустот, да го продолжат или укинат тој попуст, да воведат некој друг и сл, без претходна најава. Цените на хотелите најчесто се менуваат на крај на тековниот месец или почеток на следниот месец. Дополнителните попусти од агенцијата се пресметуваат при правење резервација во агенцијата.

  • Како да ја откажам резервацијата?

    +

    Доколку сакате да ја откажете резервацијата, прочитајте го договорот што сте го добиле при резервирање. Контактирајте го вашиот агент, кој што ќе ви објасни што може да се направи, колку пенали ќе има за откажување и сл.

  • Дали може бесплатно да се откаже резервацијата?

    +

    Доколку сте се предомислиле или сте спречени да патувате, резервацијата бесплатно може да се откаже до 24 часа по резервирање, доколку пакет аранжманот е од закупот на Фибула (за Анталија, Бодрум и Хургада). Ова правило не важи доколку патувањето е во следните 2 недели од резервирање и не важи за индивидуалните патувања. Во сите други случаи важат општите услови на патување. Известете го вашиот агент ако сакате да откажете, за да се избегнат непријатни ситуации понатаму.

  • Како се врши рефундацијата?

    +

    Доколку агенцијата треба да ви рефундира средства, потребни се 10-15 работни дена за да се испроцесираат сите чекори. Испратете ги деталите од трансакциската сметка на нашиот е-меил fibula@fibula.com.mk за да може да се започне процесот. Ако плаќањето е направено од странство, процесот на рефундација е подолг.

  • Што ќе се случи ако се разболам и не можам да патувам?

    +

    Ако некое од лицата во резервацијата не може да патува поради медицински причини, приложете соодветен медицински документ кај вашиот агент за да ги разгледате сите можни опции. Агенцијата ќе направи напори за да може да се откаже или да се помести датумот на патување, и ќе ве извести за можни пенали или разлики во цена.

  • Што е промена на резервацијата?

    +

    Промена на резервацијата се однесува доколку правите промена на датумите на патување, на тип на соба, промена на податоци на патниците, повеќе или помалку ноќевања, и сл. За каква било промена контактирајте го вашиот агент, за да ги разгледате сите можни опции.

  • Дали и како може да ја променам резервацијата?

    +

    Резервацијата може да се промени пред да ги добиете сите документи. Доколку сакате да го зголемите бројот на ноќевања, или сакате собата да биде со поглед на море, или пак, сакате некој да ви се приклучи на патувањето, може да го контактирате вашиот агент за да ги разгледате сите опции. Имајте предвид дека сѐ зависи од слободни места во хотел и авион, и дека понекогаш не е можна промена токму поради овие причини.

  • Направив грешка при резервирањето, што да правам?

    +

    Секој хотел има различни политики на откажување или промени, затоа најдобро е да се консултирате со некој од нашите агенти или оператори, кои што може да проверат дали може да се направи промена, дали има разлика во цена и сл.

  • Направив резервација пред неколку дена, а сега цената е сменета. Што да правам?

    +

    Доколку веќе сте резервирале, а цената за истиот хотел се промени следниот ден или покасно, тоа нема да влијае на вашата резервација. Кога правите резервација, со потпишување на договорот и уплата се согласувате на нашите Општи услови за патување, вклучувајќи ја и цената во моментот на резервација и таа цена не може да се промени.

  • Како ќе ги добијам картите?

    +

    Електронските авионски карти може да ги добиете директно во нашите канцеларии или на е-меил. Контактирајте го вашиот агент откако ќе се доплати целиот износ за резервацијата за да ги добиете вашите карти.

  • Како ќе добијам boarding pass?

    +

    Оригиналниот boarding pass се добива на аеродром откако ќе се чекирате. Некои авиокомпании (на пример Sunexpress) бараат online чекирање на картите, а некои авиокомпании чекирањето го прават директно на аеродром (Turkish Airlines, Air Cairo, и сл).

  • Дали имам превоз од аеродром до хотел?

    +

    Во цените на пакетите е вклучен групен трансфер. Нашите претставници ќе ве упатат со кој автобус или комбе е вашиот трансфер. Во автобусот / комбето има и други патници кои попатно ќе ги оставаат во другите хотели. Исто е и за назад. Доколку сакате директно да одите во вашиот хотел, може да резервирате приватен трансфер.

  • Што е приватен трансфер?

    +

    Приватниот трансфер е посебно возило, само за вас и ве носи директно во хотелот, затоа има разлика во цената. Истото важи и за назад - ве земаат од хотелот и ве носат директно на аеродром. Нема попатни застанувања.

  • Како може да резервирам приватен трансфер?

    +

    Доколку сакате да резервирате приватен трансфер, ве молиме исконтактирајте го вашиот агент за повеќе детали.

  • Кој ќе ме пречека на аеродром?

    +

    Кога ќе излезете од аеродром, побарајте го нашиот претставник кој што ги пречекува гостите со табла FIBULA. Потоа, претставникот ќе ве упати кон шалтер, каде што треба да го приложите ваучерот. Од шалтерот ќе ве упатат на кој перон е превозот до вашиот хотел.

  • Кога е трансферот од хотел до аеродром?

    +

    Пред да се одјавите од собата, последниот ден побарајте информација за трансферот на рецепција. Понекогаш, може и водичот да ве извести преку порака во колку часот ќе ве земат од хотелот. Доколку и последниот ден немате добиено никаква информација, контактирајте го вашиот агент.

  • Багажот ми е оштетен / изгубен. Што да правам?

    +

    Доколку вашиот багаж е оштетен или изгубен, пријавете го проблемот на аеродром и побарајте записник за истото. Агенцијата не е одговорна за багажот на патниците.

  • Колку багаж може да носам?

    +

    Ако патувате со чатер лет на некоја од летните дестинации, дозволено е да носите еден куфер до макс. 20 кг по лице, и рачен багаж до 8 кг по лице. За сите други дестинации зависи од авиокомпанијата со која што ќе патувате.

  • Дали ми треба патничко осигурување?

    +

    Патничкото осигурување не е задолжително, но е препорачливо да го имате, за да не бидете изложени на дополнителни трошоци во текот на патувањето. Наша препорака е да извадете патничко осигурување пред вашето патување, од која било компанија. Доколку веќе сте ја напуштиле државата, нема да може да се извади патничко осигурување.

  • Како да го активирам патничкото осигурување?

    +

    Доколку сте имале некоја незгода, или сте се разболеле за време на патувањето, ќе треба да ја активирате полисата за патничко осигурување. Јавете се на телефонот за поддршка (го има на долниот дел од полисата), и пријавете го проблемот. Осигурителната компанија ќе ви даде детали каде може да одите и да добиете потребна медицинска помош која што ја покрива осигурувањето.

  • Што значи ALL INCLUSIVE?

    +

    Генерално, All Inclusive вклучува хотелско сместување, сите оброци (појадок, ручек, вечера) и пијалоци. Сепак, секој хотел има различен концепт, затоа најдобро е да проверете што е вклучено во концептот. Детален опис и концепт за секој хотел посебно може да најдете на нашата веб страница.

  • Што ако не ми се допадне хотелот?

    +

    Ако сте направиле резервација за некој хотел, и сакате да го смените хотелот пред да патувате, исконтактирајте го вашиот агент. Агентот ќе провери дали има пенали за откажување, дали може бесплатно да се откажи и да разгледате други опции. Ако сте пристигнале во хотелот и не ви се допаѓа (поради лоша хигиена, услуга, соба, и сл), исконтактирајте го водичот што е задолжен за вас за да најде друг хотел. Секако, понудениот хотел би бил од повисока категорија (или или во кој хотел има слободни соби во моментот), и ќе треба да се покрие разликата во цена. Таа разлика во цена ја содржи цената на новиот хотел, и пеналите што ги наплаќа првиот хотел (на пример, првиот хотел може да задржи средства за 1 или 3 ноќевања, понекогаш го задржува целиот износ). Трансферот од еден до друг хотел е на трошок на патниците. Наша препорака е да ги следите препораките на агентите во однос на хотелот, за да се избегнат непријатни ситуации кога ќе пристигнете таму. Исто така, детален опис за концептот може да најдете на нашата веб страница, или на официјалната страница на хотелот. Препорачуваме и да ги истражите хотелите на интернет, за да одберете што ви одговара.

  • Каде може да наведам посебни барања (special requests)?

    +

    Доколку имате посебни барања (на пример – меден месец, дупли кревет, соба за лица со посебни потреби, бебешко креветче, посебен начин на исхрана, и сл), наведете го тоа пред да добиете понуда, за да може нашите агенти или оператори да најдат нешто според вашите барања. Агенцијата ќе ги проследи барањата до хотелот, но сѐ зависи од слободни места во периодот на патување.

  • Дали може веднаш да ја добијам собата?

    +

    Во сите хотели собите се добиваат по 14:00 часот. Во некои хотели може да ја добиете собата порано, ако има слободна и чиста соба. Во некои хотели треба да се доплати на рецепција за порано да влезете во собата, секако, ако има слободна и чиста соба. Ако хотелот е целосно резервиран, ќе треба да почекате да се ослободат собите. Доколку сакате гаранција дека ќе ја добиете собата веднаш по пристигнување, ќе треба да се плати цело ноќевање директно во агенцијата пред да патувате.

  • Дали може собата да ја задржам до крај?

    +

    Во сите хотели одјавувањето од соба е пред 12:00 часот (пладне) последниот ден. Ако сакате да ја задржете собата до крај, проверете на рецепција дали постои опција за тоа и колку треба да се доплати. Доколку сакате гарантирано да ја имате собата до крај, ќе треба да се плати цело ноќевање директно во агенцијата пред да патувате.

  • Дали може да ги користам услугите по напуштање на собите?

    +

    Во сите хотели собите се напуштаат пред 12:00 часот (пладне) последниот ден. Секој хотел има различни политики во однос на користењето услуги по одјавување. Некои хотели дозволуваат гостите да користат базен, плажа, ресторан, бар и сл, додека да дојде трансферот. Некои хотели наплаќаат одреден износ за истото. Тоа се политики на хотелите и имаат право да ги променат во кое било време без претходна најава.

  • Што ако не најдов одговор на моето прашање?

    +

    Ако ги прочитавте сите информации, и сѐ уште не најдовте одговор на вашето прашање, може слободно да ни пишете на viber / whatsapp на +389 70 404488, на е-меил fibula@fibula.com.mk или да ни се јавите на +389 2 3238 083.

  • Дали може да патувам сам/а со дете / деца?

    +

    Секако дека може еден родител да патува со дете / деца. За деца до одредена возраст потребна е согласност од двајцата родители, и тој документ се добива од МВР.

  • Дали може да носам храна за моето бебе во авион?

    +

    Патниците со бебе може да понесат млеко, формула или бебешка храна (кашички) во авионот, но количината на смее да надминува 100 мл. Секоја авиокомпанија има различни политики во однос на ова, затоа најдобро е да го контактирате вашиот агент за дополнителни информации.

  • Зошто цената на пакетот е сменета?

    +

    Цените на пакетите се променливи во зависност од слободните места во хотел и авион. Секој хотел има право да ја промени цената без претходно да најави. Затоа, најдобро е да се резервира што побрзо откако сте ја добиле понудата. Исто така, промоциите објавени на социјалните мрежи се активни до пополнување на местата, а после тоа валидни се редовните цени.

  • Дали може да подарам ваучер за патување?

    +

    Секако дека може да подарете ваучер некому. Нашите агенти може да ви направат ваучер на износот што Вие ќе го наведите, како и име на тој што ќе го користи. Тој туристички ваучер може да се искористи на која било дестинација од нашата понуда. Туристичкиот ваучер може да се искористи во рок од една година по издавањето. За повеќе информации контактирајте ги нашите агенти на viber / whatsapp на +389 70 404488, на е-меил fibula@fibula.com.mk или да ни се јавите на +389 2 3238 083.

  • Дали ќе има водич?

    +

    На сите дестинации од нашата понуда имаме наши претставници и водичи. За индивидуалните патувања комуникацијата се одвива на англиски јазик. Водичите во Анталија, Бодрум и Хургада зборуваат македонски или некој од балканските јазици.

  • Зошто ми е водич?

    +

    Водичот е лицето за контакт на вашата дестинација. Доколку се појави проблем кој што не можете да го решите сами, треба да го контактирате водичот да ви помогне. Исто така, водичот ќе дојде во вашиот хотел во закажаното време за да ви даде информации за дестинацијата и можни факултативи, кои што се доплаќаат директно таму. Имајте предвид дека, поради голем број на патници во сезона, понекогаш водичот можеби ќе закасни на состанокот, или нема веднаш да одговори на пораките. Состанокот со водичот е задолжителен.

  • Дали може да се направи резервација за поголема група?

    +

    Секако дека може да се резервира за поголема група, но за тоа ќе треба да ни испратите е-маил на fibula@fibula.com.mk и наведете ги сите параметри (број на лица, датуми на патување, категорија на хотел, буџет по лице, посебни побарувања, лице и телефон за контакт). Доколку станува збор за група над 10 лица, потребно е подолго време за да се провери за места во авионот и слободни соби во хотелот. Оваа опција е особено погодна за тим билдинг, или за спортски групи. Може да ги контактирате и нашите оператори во центарот за грижа на корисници на +389 2 32 38 083 за да ви дадат повеќе насоки.