Крстарење - Idyllic Aegean од Солун
Крстарење - Idyllic Aegean од Солун

- цена од€599
- 8 дена / 7 ноќи
- 07.04.2024Види ги сите термини
Опис на патувањето
Откријте ја богатата историја, фасцинантната култура и превкусната храна на грчките острови и тоа со најновиот крузер на Celestyal Journey. Ве покануваме да ги доживеете пејзажите, да ги вкусите традиционалните јадења и да ги истражите шармантните села со нашето осумдневно крстарење. Посетете ја Миноската палата во Кносос и интригантниот град Ефес, еден од најдобро зачуваните археолошки пронаоѓалишта на источниот Медитеран. Нашето крстарење ќе Ве одведе на романтична и опуштена одисеја до сончевите брегови, рибарските села и значајните историски места. Ќе имате можност да ги истражите скришните места и да се впуштите во едно автентично искуство.

Програма за патување
-
Поаѓање од Скопје
+Состанок на групата во 07:00 часот, на однапред договорено место. Поаѓање за Солун, Грција, со организиран трансфер од Скопје, со кратки попатни паузи.
-
1 ДЕН | Солун | Испловување во 19:00 часот
+Од 13 до 17:00 часот чекирање – Бродот испловува во 19:00 часот и започнува незаборавната авантура по Егејот од античкиот град на светлината – Солун. Вечера на брод, Ноќевање и ноќно крстарење кон Кушадаси.
-
2 ДЕН | Кушадаси | Испловување во 19:00 часот
+Појадок. Пристигнување во Кушадаси во 13:00. Ручек. Може да уживате во прекрасните песочни плажи на Кушадаси. Слободното време искористете го за прошетка по убавото крајбрежје, прошетка и шопинг во големата чаршија, како и дегустација на некои од локалните специјалитети. Можност за факултативна екскурзија посета на Ефес или некои други. Враќање на бродот во 18:00 часот и вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Крит.
-
3 ДЕН | Крит | Испловување во 19:00 часот
+Пристигнување во Крит – Ираклион во 08:00. Појадок. Во Ираклион ќе имате можност да ги видите импозантните ѕидини од 16ти век на тврдината Кулес. Слободно време за посета на малите критски села или палатата на Кносос. Можност за резервација на некои факултативни екскурзии. Ручек. Поаѓање од Крит во 19:00. Вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Санторини.
-
4 ДЕН | Санторини | Испловување во 00:30 часот
+Пристигнување во Санторини во 07:00 часот. Појадок. Можете да се пријавите за неколку различни факултативни екскурзии на овој прекрасен вулкански остров , место кое нуди совршена глетка кон бројните традиционални бели куќи и цркви со небесно сини куполи. Во Санторини може да го искусите медитеранскиот начин на живот опуштајќи се во мирот и тишината на прекрасната островска оаза. Ручек и вечера на брод. Бродот испловува во 00:30 часот. Ноќевање и ноќно крстарење до Миконос.
-
5 ДЕН | Миконос | Испловување во 02:00 часот
+Пристигнување во Миконос во 08:00 часот. Појадок. Организиран превоз до градот. Градот Миконос или Хора мами со својата убавина, космополитски дух и врвен ноќен живот. Познат како „Oстров на ветровите”, препознатлив по своите бројни ветерници од 16ти век. Живописниот остров Миконос е примамлив со своите песочни плажи, кристално чистата вода, културни историски споменици кои можеме да ги видиме и доживееме ако одбереме некоја од факултативните екскурзии. Може да уживате во бројните музеи, кафулиња, барови или во клубовите со целодневни забави. Вклучен ручек и вечера. Поаѓање во 02:00 часот по полноќ. Ноќевање и крстарење до Милос.
-
6 ДЕН | Милос | Испловување во 19:00 часот
+Пристигнување во Милос во 09:00 часот. Појадок. Вулканскиот пејзаж на островот Милос го прави најегзотичен остров на Егејското море со извонредни бои и мистика. Овде ќе уживате во најубавите плажи, кои вулканските карпи ги обоиле во црвена, розова и портокалова боја. Можност да дознаете многу повеќе ако искористите некоја од понудени екскурзии. Ручек и вечера на брод. Ноќевање и крстарење до Атина.
-
7 ДЕН | Атина | Испловување во 17:00 часот
+Пристигнување во Атина во 07:00 часот. Појадок. Ова е претпоследна станица од нашата поморска авантура. Најфасцинантен град во светот, град на историјата, испреплетен и создаден од митови и легенди во срцето на античка Грција. Синоними на градот се Акрополис и Партенон. Овде може да посетите некои од локалните театри, историски локалитети или пак да се опуштите на прекрасната градска плажа. Ручек и вечера на брод. Багажот се остава пред Вашите кабини, го задржувате само Вашиот личен багаж неопходен за наредниот ден. Ноќевање и крстарење до Солун.
-
8 ДЕН | Солун
+Пристигнување во 11:00 часот во Солун каде завршува ова преубаво крстарење. По одјавување од бродот , се упатуваме кон Македонија во 12:00 часот со организиран трансфер.
Галерија
Термини и цени
- Крстарење - Idyllic Aegean од СолунСлободноПоаѓање10.03.2024Денови8Цена€599
- Крстарење - Idyllic Aegean од СолунСлободноПоаѓање07.04.2024Денови8Цена€599
- Крстарење - Idyllic Aegean од СолунСлободноПоаѓање14.04.2024Денови8Цена€599
- Крстарење - Idyllic Aegean од СолунСлободноПоаѓање21.04.2024Денови8Цена€599
Во цената се вклучени следните услуги
- 7 ноќевања во кабина на најновиот крузер Celestyal Journey
- Пристанишни такси и бакшиш за персоналот 289 еур
- Забава на брод со безброј разни активности и анимации
- Полн пансион со вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци за време на оброците
- Бонус 75€ по човек за користење екскурзии
- Секојдневна програма – распоред за оброците и активностите на бродот
Не е вклучено
- Автобуски организиран превоз Скопје - Солун - Скопје (доколку се оформи група над 30 патници – 60€)
- Претставник од Fibula Travel на патувањето (доколку се оформи група над 30 патници)
- Медицински услуги
- Индивидуални трошоци за екскурзии, излети кои се нудат дополнително на бродот
- Услуги во спа центарот и салон за убавина
- Патничко осигурување
- Факултативни излети
- Паркинг доколку користите сопствен превоз
- Интернет е со доплата (1h-7евра, 3h-16евра, 6h–25евра)
Екскурзии
- Пола ден
Кралските гробници (Кутлеш)
- Пола ден
Панорамски разглед на Солун
- Пола ден
Земјата на Александар Велики
- Пола ден
Плажата Сахара
- Пола ден
Богата историја на познатата грчка винарија
- Пола ден
Солун во чекор
- Пола ден
Куќата на Богородица и антички Ефес
- Пола ден
Антички Ефес низ векови
- Пола ден
Антички Ефес и терасните куќи
- Пола ден
Адаленд аква парк
- Пола ден
Баги сафари
- Пола ден
Антички цивилизации со археолог
- Пола ден
Палатата Кносос и археолошкиот музеј
- Пола ден
Миносовата палата во Кносос
- Пола ден
Критски села
- Пола ден
Дворецот Кносос и критските пејсажи
- Пола ден
Археолошки музеј Хераклион
- Пола ден
Хераклион во чекор
- Пола ден
Трансфер до плажата Амудара
- Пола ден
Селото Оиа
- Пола ден
Крстарење до островите и вулканите
- Пола ден
Остатоци на селото Акротири
- Пола ден
Суштината на Санторини
- Пола ден
Авантура 4x4
- Пола ден
Трансфер до плажата Периса
- Пола ден
Планинарење до Оиа
- Пола ден
Вкус на вино и традиција
- Пола ден
Тура околу миконските села
- Пола ден
Делос и светиот Аполо
- Пола ден
Миконска вечера
- Пола ден
Локални вкусови
- Пола ден
Светиот Делос и остров Ренија
- Пола ден
Трансфер до плажата Калафатис
- Пола ден
Трансфер до плажата Парадајс
- Пола ден
Изработка на мозаик
- Пола ден
Домашно готвење
- Пола ден
Чекор назад во времето (религиозно)
- Пола ден
Чекор назад во времето
- Пола ден
Носталгично крстарење Милос копно и море
- Пола ден
Тура по плажите
- Пола ден
Геолошко чудо 4x4 авантура
- Пола ден
Кајакување
- Пола ден
Милос во чекор
- Пола ден
Пат до срцето и душата на Милос
- Пола ден
Атински споменици и Акрополис
- Пола ден
Паноранските канали во Атина
- Пола ден
Тура и новиот музеј Акрополис
- Пола ден
Акрополис и новиот музеј Акрополис
- Пола ден
Атина во чекор
Сместување
- Внатрешна кабина ( Cat/IA ) без прозорец: €599
- Кабина со окно ( Cat/XA –XBO ): €859
- Кабина со прозорец ( Cat/XB ): €899
- Дете до 2 години плаќа €289 (пристанишни такси)
- Цена за дете од 02 до 11 години за сместување во која било кабина изнесува €519
- Цена за сместување во еднокреветна, трокреветна или четворокреветна кабина е достапна на барање

Важни информации
- Чекирањето на бродот е од 13:00 – 17:00 по локално време
- За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци
- Индивидуални излети / посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место
- Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето
- За резервација задолжителна е уплата од 250 € депозит, целосна доплата 30 дена пред патувањето
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел и Целестијал
- За реализација на аранжманот потребно е минимум 30 патници.
- Сите горенаведени цени може да подлежат на промени
- За сите информации околу екскурзиите кликнете ТУКА